|
Право на запишување на додипломските студии за Техничка информатика имаат кандидати:
- со завршено четиригодишно средно образование
- во средни училишта верификувани со акт на Министерството за образование и наука.
Селекцијата на кандидатите се врши согласно условите и критериумите содржани во Конкурсот за упис на нови студенти во прва година на студии на високообразовните установи на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, што Универзитетот го објавува во јавните гласила секоја академска година.
Во согласност со актуелната уписна политика на Универзитетот,
- кандидатите не полагаат приемен испит.
Можен е упис и на студенти:
- a со завршено соодветно средно образование во странство
или префрлување на студенти
- од друга акредитирана додипломска програма на студија од Р.Македонија или од странство
- според Европски Систем за пренос на кредитит (ЕКТС)
|